Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иво Ранѓеловиќ во Топ Тема: ВМРО – ДПМНЕ си поигрува со легимитетот којшто го доби од гласачите

/

пред 743 дена

Сподели преку :

Во Топ Тема вечерва дебатираат политичките аналитичари Борјан Ѓузелов, Иво Ранѓеловиќ и Сефер Селими. Берлинска шут-карта за новиот владин концепт за европска деблокада! Ќе има ли кадарност за коренити реформи дома? Падна ли и мораториумот за етнички прашања со етно-академиите и „балансер“ игрите?

  • „Ова неиспорачување во надворешната политика го очекувавме, но забележуваме дека и на домашен план во изминативе повеќе од сто дена не може да се забележи јасна траекторија или нешто за што можеме да кажеме еве ова ќе биде нешто ново и поинакво, кое ќе ги промени животите на граѓаните, напротив, гледаме билборди на кои пишува дека наследиле лоша ситуација, но тоа го знаеме и затоа беа такви резултатите од изборите“, рече политичкиот аналитичар, Борјан Ѓузелов.

Сепак тој истакна дека би дал уште време во одредени ресори постојат одредени позитивни резултати.

„Она што сакам да го истакнам е храброст со која ВМРО – ДПМНЕ си поигрува со легимитетот којшто го ужива, извојуваа огромна победа и сето тоа го прокоцкуваат и огромен дел од нивното гласачко тело не е за прифаќање на Договорот од Преспа и не е Бугарите да влезат во Уставот“, истакна Иво Ранѓеловиќ во вечерашната Топ Тема.

Според него колку и да звучи ова наивно за 5-10 години ова може да биде поривот кој би ја срушил ВМРО – ДПМНЕ од власт. Премногу наивно власта влезе во конфронтација со сопствениот легитимитет.

  • „И втората работа е што премногу рано македонската надворешна политика ја прокоцка таа фамозна алтернатива, а тоа одложено дејство на уставните измени, наидовме на ѕид и се уште наидуваме на отпор од страна на меѓународната фактор кој вели спроведете го тоа што сте го потпишале. И многу рано доаѓа власта во ќор-сокак“, истакна Иво Ранѓеловиќ во вечерашната Топ Тема.

Според него сега многу важен фактор е Вреди, како коалиционен партнер, бидејќи жешкиот костен е кај нив, бидејќи тие треба да излезат и да им објаснат на свои гласачи како може Албанија да оди напред. Тоа може да биде предмет на фрагментација и таму има доволно суети за утре да се распадне. Па премногу рано и Вреди и ВМРО – ДПМНЕ влегоа во едни вакви авантури, смета Ранѓеловиќ.

Аналитичарот Сефер Селими изрази жалење за ситуацијата во која се наоѓаме.

„Ние како држава правиме ист експеримент како оној од 2008 година и очекуваме нови резултати. Бавно но сигурно се движиме кон меѓународна изолација. Ова е сега домашна задача која Македонија треба да ја испорача во Брисел и ја претвораме во билатерална интеграција во ЕУ преку трети земји. Стратешките партнери кои ги има М во ЕУ и САД. Стануваме битен дел кој Унгарија има голем интерес да ја стави под свое покровителство. Додека велиме колку сме обесправени и сме жртви во процесот Будимпешта си ја одигрува својата политика кон Брисел. Тоа е најголемото прашање во овие сто дена влада, оваа влада со мандатар доби најави за милијарда евра од Орбан, кои на крај доаѓаат под Кина“, рече Селими.

Следете ја во живо Топ Тема со Боби Христов