Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Избор на нови заменици на министрите за одбрана и за образование

/

пред 217 дена

Сподели преку :

Собранието денеска на 90. седница треба да одлучува за избор на нови заменици на министрите за одбрана и за образование и наука.

Предлог за заменик министер за одбрана е Адмир Шабани, поранешен портпарол на Државната изборна комисија, а за заменик министер за образование и наука Дритон Сулејмани, поранешен советник во Општина Куманово и портпарол на Вреди.

На дневен ред на седницата е и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка.

Според образложението, со измените треба да се овозможи ажурирање на целокупната слика во Катастарот на недвижности и инфраструктура за тоа каде се наоѓаат сите електронски комуникациски мрежи и средства, со цел нивно поефикасно, полесно и побрзо одржување.

Со тоа би се спречило и евентуално настанување на несакани штети доколку во иднина има потреба од градење на друг објект или поставување опрема на места каде веќе се поставени електронски комуникациски мрежи и средства.