Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Избор на претседател на ДКСК во Собранието- предложен е актуелниот генерален секретар на комисијата, Адем Чучуљ

/

пред 310 дена

Сподели преку :

На дневен ред на пленарна седница на Собранието денеска е изборот на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

За оваа функција е предложен актуелниот генерален секретар на комисијата, Адем Чучуљ откако тој претходно беше предложен за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, по интервјуто со уште 10 кандидати на кое доби највисока оценка.

Предлогот едногласно го усвои Собраниската Комисија за избори и именувања. Чучуљ е дипломиран правник со положен правосуден испит, а неговото назначување следува по оставката на претходната претседателка Татјана Димитровска.

Димитровска беше обвинета во случајот „Адитив“ за оддавање службени податоци и фалсификување исправа, што ја натера да се повлече од функцијата.

Назначувањето на Чучуљ доаѓа во период кога Антикорупциската комисија се соочува со високи очекувања за ефикасно работење и зајакнување на довербата во институцијата. Пратениците денеска ќе расправаат и за формирање на Анкетни комисии за трагедиите во Кочани, Модуларната болница, Дурмо турс и Ласкарци.