Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Даштевски: Утринава правото на глас го оствариле над 15 илјади граѓани

/

пред 893 дена

Сподели преку :

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, во своето прво обраќање информира дека гласањето утринава се одвива непречено, се гласа на 1.480 гласачки места во 80 општини, а право на глас имаат вкупно 1.814.317 граѓани.

Од нив до 9 часот гласале 15.487 гласачи, па според тоа излезноста на првиот круг претседателски избори до овој пресек е 3,85% .

Даштевски рече и дека до сега до нив стигнале 12 приговори за заштита на личното избирачко право, односно од лица кои не можеле да се пронајдат во избирачкиот список.

„Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се на обработка“, рече Даштевски.

Наредната прес – конференција ќе биде во 13.30 часот кога ќе информираат за текот на гласањето и излезноста.