Со слоганот „Храбро за Македонија“, лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски тргна во потрага на гласови за функцијата Претседател на државата.
Реформа во одбраната, реформа во судството, поголеми ингеренции на претседателот, цврсти гаранции за заштита на јазикот и идентитетот, се дел од столбовите во програмата на Јакимовски.
Повеќе за програмата и кампањата вечерва во Топ Тема интервју со претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.











