Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заклетва на Гордана Силјановска Давкова без претседателката да го спомне уставното име- се осврна на улогата на жените во политика

/

пред 874 дена

Сподели преку :

Новиот претседател на Република Северна Македонија Гордана Силјановска Давкова ја даде свечената заклетва со што стана 6-ти по ред шеф на државата од независноста.

Силјановска при давањето на заклетвата наместо уставното име „Република Северна Македонија“ туку употребуваше Македонија.

Во говорот наведе дека ниту таа верувала дека ќе стане шеф на државата, како што во нејзина победа верувал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Таа во својот говор укажа на големото значење на жените во политиката и дека за сите ќе се грижи за сите еднакво.

-Ќе бидам претседателка и на левата и на десната страна. Ќе бидам претседателка на сите граѓани нема да правам разлика ниту по етничка ниту по верска ниту по полова ниту по било каква разлика, рече новата претседателка Силјановска Давкова.

-Време е за единство и за тоа ќе им се обратам на жените. Бидејќи ние покажуваме дека не се грижиме само за себе туку и за сите околу нас, посочи Силјановска во обраќањето кое беше посветено на улогата на жените во политиката и која треба да биде многу поголема.

Гордана Силјановска Давкова е прва жена претседател на Република Северна Македонија.