Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изгаснат пожарот во Чучер Сандево, се гасат уште седум други

/

пред 472 дена

Сподели преку :

По три дена борба со огнената стихија, целосно е изгаснат пожарот во Чучер Сандево, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. На терен сè уште има чад од трупци што тлеат, но нема активни пламени јазици.

Најсериозен пожар во моментов е активен над фабриката „Самоков“ во Македонски Брод, кој се гаси со авион „ер трактор“, додека во Дојран, кај селото Николиќ, гасне хеликоптер на МВР.

Според Центарот за управување со кризи, во земјава се активни уште седум пожари, вклучително и во Чашка под Солунска Глава, во Бутел кај Љубанци и во Кавадарци кај Крушевица.

Поради пожарите кои беснеат во земјава, владата вчера прогласи кризна состојба на територијата на цела држава во траење од 30 дена. Ова значи дека полицијата, армијата, општините и сите служби ќе бидат вклучени во борба со огнената стихија.