Пожарот во депото на „Македонски железници-Транспорт“ е изгаснат, се работи на расчистување на теренот, информира за МИА командантот на Единицата за противпожарна заштита на Град Скопје, Звонко Томески.
Томески во изјавата за МИА посочува дека е интервенирано со 10 противпожарни возила и 30 пожарникари.
Пожарот бил пријавен во 01:20 часот, а причините допрва ќе се утврдуваат.
Пламнаа стари и неисправни вагони во депо на Железници во Аеродром











