Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изгоре семејна куќа во населбата Трајаново Трло, гореше фабрика за изолациски материјали од стиропор во Кочани

/

пред 479 дена

Сподели преку :

Изгоре семејна куќа во близина на местото викано Диви градби во населбата Трајаново Трло, а попладнево гореше и фабрика за производство на изолациски материјали од стиропор во Кочани.

Од Територијалната противпожарна единица во Кочани информираа дека околу пладне добиле повик за интервенција во фабриката што се наоѓа во индустриската зона на влезот во градот, по што се упатиле со четири возила и 12 пожарникари.

За среќа, освен материјалната штета, нема повредени вработени во фабриката, ниту пак припадници на нашата противпожарна единица.

Увид на местото на пожарот направија полициски службеници од ОВР Кочани, кои треба да ги утврдат причините за избувнување на огнот.

Пожарот во фабриката за стиропор во Кочани е втора поголема огнена стихија за само два дена, откако во вторникот во кругот на транспортна компанија во населбата Оризари изгореа три автобуси и едно патничко комбе. Според обвинителство, пожарот е подметнат, во кој изгореа автобуси и комбе на транспортна фирма.

Викторија Јованова Димитровска