Пожар изби во стан во Делчево. Во пожарот нема повредени, но едно лице е пренесено на преглед во Општата болница во Делчево.
Пожарот избил 20-тина минути по полноќ. Противпожарни екипи го гаснеле со три противпожарни возила од Територијалната противпожарна единица Делчево. Пожарот бил целосно изгаснат околу 1:30 часот по полноќ.
Надлежните најавуваат дополнителни информации во текот на денот.











