Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изложба на фотографии од балканскиот рис во Галичник, потоа фотографиите ќе бидат претставени и во други места низ Македонија

/

пред 418 дена

Сподели преку :

Македонското еколошко друштво организира изложба на фотографии од таинствениот балкански рис, на 17 август во 12 часот во хотел „Неда“, Галичник. Селекцијата на фотографиите се состои од најпретставителните единки на балканскиот рис кои досега се фатени на камера во Македонија, Албанија и Косово – трите држави каде опстојува ова животно.

  • „Галичник е во непосредна близина на живеалиштето на рисот, а во текот на летните месеци секогаш е дестинација за посета од многумина кои се заљубени во убавините на Македонија и во животот во едно вистински традиционално македонско село. Верувам дека тоа е истата публика која се радува на секоја нова детектирана единка рис, па затоа ја избравме оваа локација за претстојната изложба“, вели Искра Манојлоска, координаторка за комуникации во МЕД.

Програмата за закрепнување на балканскиот рис, која делува во рамки на МЕД, следната година одбележува две децении постоење и посветена работа. Таа беше првиот поттик за систематско мониторирање и истражување на овој вид, со крајна цел да се обезбеди неговиот опстанок.

Балканскиот рис е апекс-предатор, без природни непријатели во животинскиот свет. Неговиот најголем непријател е човекот – преку криволов или индиректно, преку уништување на шумите, со што се загрозува неговото живеалиште и се поттикнува неговото исчезнување. Денес во природата живеат едвај педесетина возрасни единки, поради што тој е вистинска природна реткост.

Изложбата има патувачки карактер: по отворањето во Галичник, таа ќе биде претставена и во други места низ Македонија. Во хотел „Неда“ ќе биде достапна за посета до 31 август, а влезот е бесплатен.