Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел бомбардираше бегалски камп во Кан Јунис

/

пред 553 дена

Сподели преку :

Израелските сили бомбардираа десетици шатори во Кан Јунис откако претходно беше издадено предупредување за евакуација во областа.

Бомбардирањето остави десетици раселени семејства без покрив над главата во Појасот Газа.

Целта на Израелската армија сега е да заземе поголеми делови од Газа за да може да воспостави што е можно поголема контрола врз малата енклава и да изврши притисок врз Хамас да ги ослободи преостанатите 59 заложници от кои за поголем дел се верува дека веќе се мртви.

Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху воведе едномесечна блокада на храна, гориво и хуманитарна помош, поради што околу два милиони Палестинци на територијата се соочуваат со сериозен недостиг, додека залихите се намалуваат.

Ваквата тактика според групите за човекови права е еднаква на воено злосторство.

Израел тврди дека доволно резерви влегле во Газа за време на прекинот на огнот, но хуманитарните групи го оспоруваат тоа.