Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел депортира уште 137 активисти од флотилата „Сумуд“ во Турција

/

пред 376 дена

Сподели преку :

Израелското Министерство за надворешни работи објави дека се депортирани уште 137 активисти од Глобалната флотила „Сумуд“, кои се обидоа да ја пробијат израелската поморска блокада на Појасот Газа, во Турција. Меѓу депортираните активисти има државјани на САД, на Италија, на Велика Британија, на Јордан, на Кувајт, на Либија, на Алжир, на Мавританија, на Малезија, на Бахреин, на Мароко, на Швајцарија, на Тунис и на Турција.

Израелското МНР преку соопштение повтори дека вистинската цел на активистите била „провокација во служба на Хамас, а не хуманитарна помош“.

Министерството изјави дека Израел сака да ја забрза депортацијата на „сите провокатори“, но дека некои од нив „намерно го попречуваат законскиот процес на депортација и претпочитаат да останат во Израел“.

Организаторите наведоа дека глобалната флотила „Сумуд“, составена од 47 бродови, транспортирала повеќе од 500 активисти.

Израелското МНР во средата соопшти дека специјалци на морнарицата се качиле на неколку бродови од флотилата и ги привеле активистите, вклучувајќи ја и шведската активистка Грета Тунберг.