Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел ги ликвидираше командантите на Револуционерната гарда и Иранската армија

/

пред 487 дена

Сподели преку :

Израел во текот на ноќта го изврши досега најголемиот напад врз Иран, таргетирајќи ги иранските нуклеарни капацитети, фабриките за производство на балистички ракети, но и врховните воени команданти на вооружените сили.

И покрај значителната штета врз иранската нуклеарна инфраструктура, најтешкиот удар за Техеран ќе биде убиствата на командантот на озлогласената Револуционерна гарда, Хусеин Салами, шефот на иранскиот Генералштаб Мохамад Багери и неговиот заменик Голамали Рашид.

Салами беше еден од најистакнатите пропоненти на воена конфронтација со Израел и жесток противник на преговорите со САД за нуклеарната програма.

Ајатолахот Али Хамеини се закани дека Израел и САД ќе платат горко висока цена за нападот, но по обезглавувањето на иранските вооружени сили, како и минатогодишните израелски напади кои речиси ја неутрализираа неговата противвоздушна одбрана, на Техеран ќе му биде исклучително тешко да ја изврши одмаздата која ја посакува.

Масовен израелски напад на Иран, бомбардирани над 100 локации – Иран најави жесток одговор