Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел го претстави планот за Газа по војната

/

пред 974 дена

Сподели преку :

Израелскиот премиер Нетанјаху го претстави планот за Појасот Газа. Според неговиот предлог, по војната енклавата треба да биде управувана од локални функционери кои не се поврзани со, како што е наведено, „земји или ентитети кои го поддржуваат тероризмот“.

Во планот се наведува дека израелските одбранбени сили треба да продолжат со уништување на воените капацитети и инфраструктурата на Хамас и Исламски џихад, но и со ослободување на заложниците. Меѓу другото е предвидена и целосна демилитаризација на Газа, како и затворање на Агенцијaта за помош и работа на Обединетите нации за палестинските бегалци поради наводната вмешаност на нејзини членови во нападот на Хамас на 7 октомври.

Планот за обнова на Појасот Газа ќе го финансираат и водат земји кои се, како што се наведува во соопштението, прифатливи за Израел.