Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел и Либан се чини се блиску до договор за прекин на огнот од 60 дена- Нетанјаху утре ќе заседава со кабинетот

/

пред 694 дена

Сподели преку :

Израел и Либан се чини се блиску до договор за прекин на огнот, а израелскиот кабинет треба утре да расправа за тоа, јави BBC повикувајќи се на извори од израелските и американските власти.

Се предлага 60-дневно примирје за ставање крај на борбите меѓу Израел и либанската милиција Хезболах, која ја има поддршката од Иран.

Се вели дека вклучува повлекување на израелските сили од јужен Либан и крај на присуството на Хезболах во областа.

Во меѓувреме, интензивирана е размената на оган меѓу Израел и Хезболах, исто како што двете страни се пазарат околу последните детали од договорот.

Договорот ќе вклучува зголемување на присуството на либанската армија во областа која ја напуштиле Израел и Хезболах.

Се наведува дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во принцип се согласил на договорот, а потпретседателот на либанскиот парламент според Ројтерс, вели дека нема сериозни пречки за прекин на огнот.

Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби потврди дека договорот е блиску и дека разговорите одат во добар правец.

Блиску сме до часот кој е одлучувачки за постигнување прекин на огнот во Газа, порака од конференцијата во Рим