Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел изврши нови ракетни напади врз цели во Иран и Либан

/

пред 209 дена

Сподели преку :

Израел изврши нови ракетни напади врз цели во Иран и Либан, соопштувајќи дека биле погодени позиции на Хезболах во јужниот дел на Бејрут.

Истовремено, Иран објави дека извршил серија напади врз Израел и американски цели на Блискиот Исток, што дополнително ја зголеми тензијата во регионот.


Американската команда за Блискиот Исток, соопшти дека уништила 16 ирански бродови за поставување мини, откако претседателот Доналд Трамп предупреди дека Иран не смее да поставува мини во Орпутскиот теснец.

Меѓувреме, системите за противвоздушна одбрана во Обединетите Арапски Емирати реагирале на ракетна закана.

Паралелно со воените дејствија, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху преку социјалните мрежи ги повика граѓаните на Иран да „го отстранат режимот“.

Во исто време, дел од иранските граѓани се упатуваат кон границата со Турција, опишувајќи силни експлозии и страв по нападите.