Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел извршил нови воздушни напади врз Кан Јунис, Нусејрат и Џабалија

/

пред 885 дена

Сподели преку :

Израел извршил воздушни напади врз неколку области низ Појасот Газа, вклучително и повеќе локации во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, пренесе Ал Џезира. Во израелските воздушни напади биле погодени и бегалскиот камп Нусејрат и градот Аз-Завејда во централниот дел на Појасот Газа, како и бегалскиот камп Џабалија на север, јави агенцијата Вафа.

Нема податоци за бројот на загинати и повредени во нападите. Болниците и другите служби за итни случаи кои обично известуваат за смртни случаи и повредени се борат да продолжат да работат, откако Израел минатата недела ги блокираше копнените патишта што се користат за испорака на гориво за генераторите инеопходните медицински средства, како и за влез на храна очајно потребна за цивилното население кои се соочува со глад по седуммесечната војна која започна на 7-ми октомври.