Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел ќе дозволи привремена испорака на помош во Појасот Газа преку преминот Ерез и пристаништето Ашдод

/

пред 930 дена

Сподели преку :

Израел ќе дозволи привремена испорака на помошта до Појасот Газа преку преминот Ерез и пристаништето Ашдод , соопшти денеска кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

„Воениот кабинет  ги овласти премиерот Нетанјаху, министерот за одбрана, Гоав Галант, и поранешниот  министерот  за одбрана и пензиониран генерал на армијата Бени Ганц да преземат итни чекори за зголемување на хуманитарната помош за цивилното население во Појасот Газа“, се наведува во соопштението.

Како што се додава, помошта ќе придонесе за спречување на хуманитарната криза, но „таа е неопходна и  за да се обезбеди продолжување на борбите и да се постигнат целите на војната“.

Израел ќе одобри „привремена“ испорака на хуманитарна помош преку израелското пристаниште Ашдод, 40 километри северно од Газа, и преку преминот Ерез, на југот на земјата.

Властите, исто така, ќе дозволат поголема испорака на јорданска помош преку Керем Шалом, граничен премин во јужен Израел.

Се повеќе се  зголемува и меѓународниот притисок врз израелската Влада поради хуманитарната катастрофа во Газа.  Вчера  за прв пат и американскиот претседател Џо Бајден  проговори за условена американска помош за Израел