Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

 Израел ќе одвои 110 милијарди долари за оружје во следните 10 години

/

пред 291 дена

Сподели преку :

Израел планира да одвои околу 350 милијарди шекели, односно 110 милијарди долари, во одбранбениот сектор во следната деценија, со цел да ја зајакне домашната индустрија за вооружување и да ја намали зависноста од странски добавувачи. Ова го изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на церемонија по повод дипломирањето на новообучени пилоти на воздухопловните сили.

Нетанјаху истакна дека новата програма има за цел да обезбеди стратешка автономија во производството на оружје, особено во услови кога дел од сојузниците, меѓу кои и Германија и САД, воведоа ограничувања за извоз на оружје кон Израел поради војната во Газа.

Според него, овие ограничувања ја нагласуваат потребата Израел самостојно да ги развива своите одбранбени капацитети. Во исто време, земјата продолжува да биде значаен извозник на оружје, особено за европските земји.

Минатата недела Германија и Израел потпишаа договор за проширување на ракетниот одбранбен систем „Стрела 3“, чија вкупна вредност изнесува околу 5,7 милијарди евра, што претставува најголем договор за оружје во историјата на Израел.

Т.Д.