Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел нападна цели во Газа

/

пред 1431 дена

Сподели преку :

Рано утринава израелски авион ракетираше неколку цели во Појасот Газа откако претходно беше истрелан проектил од палестинската енклава.

Овие напади се прво прекугранично насилство откако во август годинава беше ставен крај на насилствата меѓу Израел и милитантната група Исламски џихад.

Насилството се разгори во време кога Израел го заврши пребројувањето на гласовите на националните избори одржани оваа недела, при што поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите екстремно десничарски сојузници освоија удобно мнозинство во израелскиот парламент.

Според палестинските власти на Западниот Брег, израелските војници кои дејствуваат во бегалскиот камп Џенин, упориште на милитантите, убиле најмалку двајца Палестинци, а палестинската милитантна група Исламски џихад соопшти дека еден од убиените бил локален командант.