Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел објави снимка со последните моменти од животот на лидерот на Хамас

/

пред 733 дена

Сподели преку :

Беспилотно летало со камера се движи кон човек кој во остатоците од урната зграда седи во фотелја. Лицето му е целосно покриено, а израелската војска, која ја објави снимката тврди дека тоа се последните моменти од животот на лидерот на Хамас, Јахја Синвар. На снимката се гледа како мажот со една ранета рака фрла стап кон дронот кој го снима.

Војската потоа истрелува уште една граната врз зградата и го убива Синвар, тврди воениот портпарол на Израел, Даниел Хагари. Синвар имал панцир на себе, пронајдени се и гранати, како и 40.000 шекели, односно повеќе 10.00 долари. Негови ДНК примероци се пронајдена во тунелите во близина каде војниците ги пронајдоа телата на шестмина заложници на крајот на август. Иденфикацијата била извршена врз основа на стоматолошките досиеја на Синвар, отпечатоци од прсти и ДНК тестови. Тој беше затворен во Израел од доцните 80-ти до 2011 година, а за тоа време се лекуваше од рак на мозокот – оставајќи кај израелските власти обемни медицински досиеја.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека оската на теророт изградена од Иран се урива, а убиството на Синвар, го нарече „почеток на крајот“ на војната во Газа.

Синвар, организаторот на нападот на 7 октомври 2023 година, со кој почна војната, беше именуван за лидер на Хамас по убиството на политичкиот шеф, Исмаил Ханија, во Техеран во јули годинава. Тој се верува дека се криел во тунелите изградени од Хамас под Газа во последните две децении. Западните лидери по смртта на Синвар гледаат можност да се стави крај на конфликтот, и враќење дома на заложниците кои, повеќе од една година, ги држи Хамас.

  • Земајќи го предвид големиот број на убиени и повредени од цивилното население кое не е Хамас, сите разбираат зошто ние заедно со САД се залагаме за прекин на огнот и за ослободување на заложниците бидејќи тоа ќе биде најдобар начин да се справиме со ситуацијата, – Олаф Шолц, канцелар на Германија.

Либанската милитантна група Хезболах, пак денеска објави дека преминува во нова, ескалирачка фаза во војната против Израел користејќи наведувани проектили за да ги гаѓа израелските војници.

Јахја Синвар е мртов – Израел тврди дека е убиен лидерот на Хамас во јужниот дел на Појасот Газа

Еден од лидерите на Хамас, Калед Мешал веќе е назначен за вршител на должноста лидер на ова милитантно движење. Тој ќе биде одговорен за целата комуникација со клучните страни вклучени во преговорите и прашањата за затворениците.

Додека израелската војска објавува видеа за своите акции во јужен Либан, Светската здравствена организација е загрижена по првиот потврден случај на колера во земјата и презема неопходни мерки за спречување на епидемија. Колерата е заразна болест придружена со дијареа и повраќање и се шири преку контаминација на вода, на пример кога залихите на вода се загадени со измет. Во Либан повеќе од милион луѓе се раселени и живеат под шатори и и немаат пристап до чиста вода.

Билјана Ставрова

Јахја Синвар е мртов – Израел тврди дека е убиен лидерот на Хамас во јужниот дел на Појасот Газа