Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел планира копнена офанзива во Рафа – предупредување на палестинскиот претседател Абас

/

пред 907 дена

Сподели преку :

Палестинскиот претседател Махмуд Абас предупреди дека израелската војска во наредните неколку денови планира да започне копнена офанзиваа во градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа. Според него, САД се единствени кои можат да спречат такво нешто.

Моментно во Рафа се наоѓаат 1,45 милиони луѓе од кои најголемиот дел претходно беа раселени од други места во енклавата. Во меѓувреме расте загриженоста за хуманитарна ситуација во Газа.

Абас изрази загриженост и за принудното раселување на палестинското население од Западниот брег, откако „Израел ќе заврши со Газа“. Тој нагласи дека палестинската самоуправа одбива да прифати етничко чистење на Палестинците на двете територии и додаде оти палестинските власти барфаат запирање на конфликтот и достава на помош за населението.

Палестинскиот престедател од Светскиот економски форум во Саудиска Арабија рече дека Израел „го искористил“ нападот на 7 октомври за несразмерно да возврати на палестинските цивили во Газа „под изговор дека сака да му се одмазди на Хамас“.

Сашко Димовски