Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

13 жени и деца заложници на Хамас предадени на Црвениот крст – се чека потврда од Израел

/

пред 1060 дена

Сподели преку :

Израелските медиуми соопштија дека 13 жени и деца киднапирани од Хамас во нападите на 7 октомври се предадени на Црвениот крст. Ги превезуваат во автобус, и треба да стигнат до граничниот премин Рафах, во Египет. Нема информации каде е направен трансферот. Од таму ги чекаат израелските хеликоптери, кои треба да ги пренесат до Израел, каде со нетрпение ги чекаат нивните роднини. Но, заложниците ќе бидат најпрво распоредени низ неколку болници, каде ќе треба да се направат потребните медицински прегледи, но и психолошка проценка. Оној кој ќе биде во можност најверојатно ќе биде испрашан од безбедносните служби, за тоа каде престојувале, јавуваат медиумите.

Израелските медиуми во живо го следат настанот, кој следува по одлуката за 4 дневното примирје меѓу Израел и Хамас со цел да се предадат 50 израелски заложници во замена за 150 палестински затвореници.

Нивното ослободување доаѓа откако милитантите нешто пред 16 часот по локално време ги ослободија и 12 тајландски заложници кои беа земени од Израел.