Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел продолжува со бомбардирањето на Газа – уништувањето е поголемо од Втората светска војна, оценува Борел

/

пред 1051 дена

Сподели преку :

Израел го продолжи бомбардирањето на Појасот Газа и денеска, откако тврдеше дека неговата кампања за уништување на Хамас ја доведе палестинската милитантна група на „работ на колапс“.

Хуманитарните лидери стравуваат дека опколената територија наскоро ќе биде обземена од болести и глад, и вршат дипломатски притисок врз Израел да ги зголеми напорите за заштита на цивилите.

Додека продолжуваат борбите во вторникот, Хамас соопшти дека дошло до судири во централниот дел на Појасот Газа, при што сведоците пријавиле смртоносни израелски напади на југот на територијата.

По вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел оцени дека ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофална, апокалиптична“ и дека уништувањето е сразмерно „уште поголемо“ од она во Германија за време на Втората светска војна.

„Уништувањето на зградите во Газа е пропорционално повеќе или помалку поголемо од уништувањето што го претрпеа германските градови за време на Втората светска војна“, рече Борел.

Борел рече дека последицата од воениот одговор на Израел на нападите на Хамас на 7 октомври е „неверојатен број цивилни жртви“.

Министерството за здравство во Појасот Газа синоќа соопшти дека во израелското бомбардирање на палестинската територија од почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот исламски Хамас на 7 октомври загинале 18.205 лица.