Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел: Убивме уште еден лидер на Хамас во Газа

/

пред 689 дена

Сподели преку :

Израелската армија објави дека во напад на позиција во Појасот Газа, извршен од израелските воздухопловни сили, убиен е Мумин ал-Џабари, висок припадник на Хамас и снајперист, кој се крил во зграда која некогаш била училиште.

Израелските одбранбени сили го опишаа како искусен терорист и член на снајперската единица на Хамас.

Според нивните наводи, Ал-Џабари складирал големо количество оружје во просторијата каде што дејствувал.

Информациите не можат да се потврдат независно, а оваа акција на Израел дојде токму пред почетокот на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах.

Прекин на огнот меѓу Израел и Хамас не беше вклучен во преговорите.

Во претходни напади на оваа зграда, израелските сили убија повеќе од 30 терористи од Хамас и Исламски џихад, се вели во нивните извештаи.