Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Палестинците тврдат: Израел вечерва бомбардира болница во Газа Сити – бројот на загинати над 500

/

пред 1082 дена

Сподели преку :

Израелските воздушни сили ја погодија болницата Ал-Ахли Араби во центарот на Газа, соопштија палестинските власти.

Првичните проценки се однесуваат меѓу 200 и 300 убиени луѓе во нападот на болницата, изјави портпаролот на министерството за здравство во Газа, пренесува Гардијан.

Голем дел од поврдените се жени и деца, јавува Ал Џазира.

Болницата беше засолниште на семејства при континуираното израелско бомбардирање на Газа.

Ал Џазира јавува дека болницата била бомбардирана без претходно предупредување или сигнали дека немилиот настан би можел да се случи.

По првичните проценки дека бројот на загинати ја надминал бројката од 200 лица, палестинското министерство за здравство извести дека најмалку 500 луѓе загинале по израелското бомбардирање на баптистичката болница Ал-Ахли Араби во Газа сити.