Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израелска тенковска граната ја погодила единствената католичка црква во Газа – три лица убиени, девет повредени

/

пред 457 дена

Сподели преку :

Папата Лав 14-ти го обнови својот апел за итен прекин на огнот во Газа, откако тројца луѓе кои биле засолнети во единствената католичка црква во градот Газа биле убиени во израелско бомбардирање.

Латинскиот патријарх на Ерусалим, Кардиналот Пјербатиста Пицабала, информираше дека црквата на „Светото семејство“ била погодена од тенковска граната а покрај трите жртви, во нападот биле ранети уште девет лица, од кои едно е во критична состојба во болница. Меѓу полесно повредените е и свештеникот Габриеле Романели.

Израелското министерство за надворешни работи, изрази жалење за предизвиканата материјална штета на религиозниот објект или цивилните жртви, додека израелската војска најави дека инцидентот ќе биде анализиран.

Повеќе раселени семејства од малата христијанска заедница во Газа живеат во комплексот на црквата на „Светото семејство“ од почетокот на војната, откако нивните домови беа уништени во жестокото израелско бомбардирање.

Додека беше жив, претходниот поглавар на римокатоличката црква, папата Франциск зборуваше со нив речиси секојдневно.