Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израелската војска го нападна Бејрут – нејзина цел бил командант на Хезболах

/

пред 813 дена

Сподели преку :

Израелската војска соопшти дека извела напад врз главниот град на Либан, Бејрут, кој бил насочен против командант на Хезболах к,ого го смета за одговорен за ракетниот напад на Голанската висорамнина.

Експлозиите се слушнале во јужниот дел на градот и засега е пријавена само материјална штета на неколку објекти.

Израелските сили веќе неколку денови најавуваат дека ќе извршат серија удари врз позиции на Хезболах по нападот на Голанската висорамнина, каде на фудбалско игралиште загинаа 12 деца.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно порача дека либанската милитантна група „ќе плати висока цена“ по смртоносниот напад на фудбалското игралиште.