Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израелски доселеници нападнаа палестинци на Западниот Брег

/

пред 358 дена

Сподели преку :

Израелски доселеници физички нападнале палестинци, собирачи на маслинки и активисти на окупираниот Западен Брег, при што најмалку една жена со тешки повреди е хоспитализирана, пренесуваат палестинските здравствени служби.

Снимки до кои дојде новинската агенција „Асошиејтед прес“ покажуваат група доселеници како ги напаѓаат палестинците со палки, во близина на едно од селата на Брегот.

Инцидентот се случува во време на берба на маслинки, период кога ваквите напади често се зголемуваат. Меѓународни организации и активисти со години предупредуваат на растечкото насилство од страна на доселениците во палестинските рурални области, особено во контекст на проширувањето на израелските населби.

T.Д.