Израелскиот Врховен суд го укина контроверзниот закон на десничарската влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху, со кој на судот му беа одземени некои овластувањ
Законот беше дел од пошироката правосудна реформа која ја предложија Нетанјаху и неговата коалицијата на верски и националистички партнери, и која предизвика големи поделби во Израел и загриженост околу зачувувањето на демократските принципи во земјата.
Спорниот закон предвидуваше Врховниот суд да не можеше да ги укинува одлуките кои ги смета за „неразумни“.
За негово поништување се изјаснија осум од 15 судии на Врховниот суд. Партијата на Нетанјаху, Ликуд, соопшти дека одлуката на судот е за жалење и спротивна на „волјата на народот за единство, особено во време на војна“.
Опозицијата ја поздрави пресудата. Врховниот суд во објаснувањето наведе дека повеќето судии предложиле законот да се укине затоа што би ѝ нанел сериозна штета на израелската демократија.











