Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израелски власти: Договорот на Трамп со Иран не нѐ обврзува

/

пред 111 дена

Сподели преку :

Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, изјави дека договорот меѓу САД и Иран не го обврзува Израел и дека земјата нема да се откаже од своите воени цели во Либан.

– Договорот на Трамп не нѐ обврзува. Израел не им е потчинет на САД. Ние сме независна и суверена држава. Не сме страна во овој договор, кој не ја гарантира нашата безбедност. Не смееме да се повлечеме од ниту една територија во Либан што ја освоија нашите борци – изјави Бен-Гвир.

Неговите коментари следуваат откако САД и Иран постигнаа прелиминарен договор за повторно отворање на Ормуската Теснина и за продолжување на кревкото примирје во конфликтот со Иран.

Се очекува договорот да овозможи непречено снабдување на светските пазари со нафта и со природен гас, како и да придонесе за ублажување на енергетската криза што во последните месеци погоди голем број држави.