Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Извештајот за ИПАРД 3 од Македонија да биде ставен на брза лента во ЕК за деблокада на суспендираните средства

/

пред 197 дена

Сподели преку :

Забрзување на процесот на разгледување на извештајот кој македонската влада го достави до Европската комисија (EK) околу корупцискиот скандал кој ја суспендираше помошта од ИПАРД 3 во висина од 128 милиони евра. Телма дознава дека на средбата која министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски ја имале со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при ЕК, Елизабет Вернер било разговарано за ставање на извештајот од Македонија на брза лента и носење на заклучок.

На средбата која била иницирана од македонска страна било предочено од македонските претставници дека корупцискиот скандал во Агенцијата за платежна картичка е изолиран случај, а не нефункционалност на системот, што го аргументирале со брза реакција на институциите на откриениот коруптивен скандал.

Од ЕК не биле дадени конкретни рокови до кога би завршил процесот на евалуација на извештајот, но изразиле волја процесот да се забрза.

Трипуноски на својот Фејсбук профил објави дека со Вернер разговарале и за унапредување на соработката и тековните реформи во областа на земјоделството и руралниот развој, спроведувањето на ИПАРД 3програмата, како и за зајакнувањето на институционалните и административните капацитети на државата.