Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Извршена трансплантација на ахилова тетива од починат донор

/

пред 668 дена

Сподели преку :

На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори.

  • Интервенцијата е извршена кај 47-годишна пациентка, со стара повреда на ахилова тетива. Пациентката  е со уреден постоперативен тек, соопштуваат од клиниката.

Трансплантацијата е извшена под водство на д-р Ерен Сејфула, заедно со д-р Александар Савевски и д-р Бојан Будиќ, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, во соработка со д-р Милена Богоевска, болнички координатор за ортопедија и одговорна за ткивна банка.

Од Клиниката за ортопедија изразуваат огромна благодарност до сите здравствени работници вклучени во оваа трансплантација, како и до семејствата на донорите.