Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јаневска ќе бара одговорност кај организаторите на приредбата во Челопек каде децата носеа амблеми на УЧК

/

пред 684 дена

Сподели преку :

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најави дека утре Државниот просветен инспекторат ќе го посети основното училиште „7 Март“ во Челопек, за да ја побара одговорност на училиштето поради организирање на училишна приредба на која учениците биле облечени во униформи со амблеми на неформални воени групации.

На приредбата учениците парадирале со пушки во рацете.

Министерката Јаневска изјави дека инспекторатот ќе ја утврди одговорноста на директорот, наставниците и стручниот тим во училиштето.

Таа најави дека ќе се проверува дали приредбата била дел од наставниот план и кој ја одобрил, и кој дозволил злоупотреба на деца.

Јаневска нагласи дека ќе се испита и дали се промовирала омраза и милитанство, наместо соживот и демократија, и зошто не се слават заедничките херои од историјата.

Министерката посочи дека ако целта на приредбата била да се шири патриотизам, тогаш тоа требало да се направи преку симболи на државата Македонија, а не преку симболи на неформални воени групации.

Таа истакна дека ваквите активности се педагошки неисправни, нечовечни и казниви по закон.

Реакцијата на министерката следуваше по големиот јавен интерес и осудување на инцидентот, кој предизвика многу контроверзии во јавноста.