Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јанко Типсаревиќ стана член на СНП на Вучиќ – нов случај на трансфер од спорт во политика

/

пред 1244 дена

Сподели преку :

Поранешниот српски тенисер Јанко Типсаревиќ стана член на Српската напредна партија (СНП) чиј лидер е Александар Вучиќ. Веста за новиот партиски член е објавена на официјалниот сајт на партијата и на профилите на СНП на социјалните мрежи со порака „Добро дојде мајсторе! Заедно во нови победи!“.

Типсаревиќ активно се занимаваше со тенис до 2019 година, кога ја заврши 17-годишната кариера. Најдобриот пласман на АТП листата го имаше во 2012 година, кога беше осми светски рекет.

Со репрезентацијата на Србија го освои Дејвис купот во 2010 година и настапи на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.