Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јапонците „слетаа“ на месечината

/

пред 1009 дена

Сподели преку :

Паметниот лендер за истражување на месечината успешно слета на нејзината површина во близина на екваторијалниот кратер. Овој подвиг ја направи азиската нација петта земја кој успешно испрати мисија на природниот сателит на Земјата, по САД, Советскиот Сојуз, Кина и Индија.

Но веднаш по слетувањето беше констатиран проблем односно соларниот систем не почнаа да генерираат енергија која би го напојувала погонот. Инженерите се борат да ја спасат мисијата, но доколку не успеат во тоа, таа ќе трае само неколку часа додека целосно не биде исцрпена енергијата од батериите на возилото.

Месечината е важна затоа што е најпристапното место од Земјата, а исто така и затоа што, на пример, во однос на истражувањето, беше откриено дека Месечината содржи ресурси како хелиум, елемент кој е редок на Земјата. Исто така затоа што Месечината може да се користи како база за одење на други планети, како што е Марс, кој е уште подалеку. Месечината, исто така, се смета за многу важна во овој поглед, за да се изгради база на Месечината каде што луѓето секогаш ќе можат да стигнат, вели Такеши Цучија, професор по аеронаутика на Универзитетот во Токио.

Во моментов инженерите ги исклучија греалките и се обидуваат да земат што е можно повеќе слики и податоци што ќе им покажат колку добро функционирал софтверот за слетување. Претставниците на јапонската вселенска агенција Jaxa нема веднаш да се откажат. Велат секогаш е можно соларните ќелии некако да се ориентираат кон сончевите зраци и на тој начин да профункционираат, а лендерот да се врати во живот.

Важно е да можеме да покажеме дека Јапонија има технолошка способност сама да го изврши ова слетување – тоа ќе го зголеми присуството на Јапонија во истражувањето на Месечината со други земји“ изјави Цучија.

Јапонската вселенска мисија ги започна своите маневри за спуштање од надморска височина од 15 километри на полноќ во сабота по локално време, а контактот со месечината го оствари 15 часот и 20 минути по Гринич.

Локацијата на слетување, во близина на кратерот Шиоли, моментално е облеана со сончева светлина, но темнината на лунарната ноќ ќе се врати таму на крајот на месецот. Вселенската станица Јаха до сега два пати успешно слета свои роботи на астероиди. Ова за Јапонија е историски подвиг и прашање на престиж, доказ дека иако е многу помала може да им конкурира на Кина и САД.

Александар Петрески