Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јапонија се прoстува со принцезата Јурико, почина на 101 година

/

пред 688 дена

Сподели преку :

Јапонија се простува од принцезата Јурико, сопругата на братот на царот Хирохито, која почина денеска на 101 годишна возраст и беше најстар член на империјалната фамилија.

Членовите на семејството за јапонските медиуми соопштија дека причина за смртта е нагло влошување на нејзината здравствена состојба, а смртта настапила во болница во Токио.

Палатата не соопшти официјален причинител на смртта, но јапонските медиуми јавуваат дека принцезата боледувала од белодробно воспаление.

Принцезата Јурико е родена 1923 година, а со 18 години, неколку месеци пред почетокот на Втората светска војна, се омажила за принцот Микаса, помладиот брат на Хирохито и чичко на сегашниот цар Наруухито.

Таа беше сведок на ужасите од Втората светска војна, а за време на американски напад на Токио во последните месеци во 1945 година  живеела во засолниште со својот сопруг и нивната ќерка откако нивната резиденција била запалена.

Принцезата одгледала пет деца и го поддржала истражувањето на Микаса за древната историја на Блискиот Исток, додека истовремено извршувала свои службени должности и учествувала во филантропски активности. Таа го надживеа својот сопруг и тројцата синови.