Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јапонски град постави “блокада“ за туристи. Не сака да ја фотографираат планината “Непристојни се”

/

пред 884 дена

Сподели преку :

Јапонскиот град Фуџикавагучико денеска постави голема мрежеста бариера на популарното место каде што туристите доаѓаат за да ја гледаат планината Фуџи, во обид да го одврати се поголемиот број туристи од фотографирање.

Најпознатата глетка во Јапонија може да се види од огрогмна далечина, но на локалното население во Фуџикавагучико не му се допаѓа   приливот на претежно странски посетители кои фрлаат отпадоци, влегуваат на приватни имоти, и ги прекшуваат сообраќајните правила за да се фотографираат.

– Жалам што моравме да преземеме вакви мерки, изјави претставник на Градската управа.

Работниците денеска веќе ја поставија црната мрежа со димензии 2,5 на 20 метри.