Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јасмин Реџепи од Легис во Топ Тема: Најпотребна хуманитарна помош се топлата облека, шаторите, агрегати за струја, хигиенските пакети

/

пред 1334 дена

Сподели преку :

Јасмин Реџепи, генералниот секретар на Легис, во вечерашната Топ Тема изјави дека во однос на помошта која ја донираат граѓаните за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија, најпотребна во моментов е топлата облека, бидејќи во регионот има ниски температури. Потоа, потребни се шатори, бидејќи станува збор за регион во кој живеат 13 милиони луѓе, при што дури и да станува збор за 10% од нив кои останале без покрив над главата, тие треба да бидат сместени некаде.

„Исто така агрегати за струја, бидејќи во регионот нема електрична енергија. Хигиенските пакети за деца, бебиња, за возрасни и денеска замина првата пратка од Легис, бидејќи сметавме дека треба што е можно побргу да биде испратена помошта“ – изјави Реџепи.

Тој додаде дека во сабота, најголемиот дел од помошта ќе биде натоварена пред балканскиот интернационален универзитет, ќе биде сместена во 12 шлепери или ако има потреба и повеќе од тоа и заеднички ќе тргнат.