Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јавна дебата на УКИМ за предлог-законот за високо образование

/

пред 231 дена

Сподели преку :

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје  ќе се одржи јавна дебата за предлог-законот за високо образование, трета од најавените шест на јавните универзитетите, во присуство на министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Минатата недела јавни дебати беа одржани на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, на која присуствуваше и наставно-научниот кадар од Универзитетот „Св. апостол Павле“ во Охрид.

Законот за високото образование и Законот за квалитет во високото образование се поставени и на националниот регистар на прописи (ЕНЕР), а МОН креира и посебни две е-адреси за праќање коментари за двата предлог-закона.

Министерката Јаневска во петокот соопшти дека сите предлози што се конструктивни ќе бидат прифатени, а техничките грешки во законот ќе бидат исправени.

Новата забрана за вонредно студирање со Предлог-законот за високо образование е само за наставничките факултети