Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јавноста во дилема кому да верува – препукувања меѓу рудникот „Тораница“ и Општина Крива Паланка за загадувањето на Крива Река

/

пред 567 дена

Сподели преку :

Рудникот „Тораница“ контра тврдењата на општината. Неколку дена по обвинувањата на градоначалникот на Крива Паланка за излеани тешки метали во Крива Река, фирмата „Булмак“ демантира. Нивните лабораториски анализи не го утврдиле истото што и анализите на кои се повикува општината.

Јавноста сега е во прашалници на чии резулатати да верува. Градоначалникот и денеска ги повтори тврдењата дека Крива Река е загадена со олово и цинк, а фирмата останува на тврдењата дека во инцидентот се излеала техничка вода која не е опасна.

По Инцидентот во Крива Река, и еко-активистите со низа забелешки и прашања на адреса на државниот инспекторат за животна средина. Нотираат пропусти во инспекцискиот надзор.

„Зошто не се земени примероци за анализа при инспекцискиот надзор кога е тоа законска обврска на инспекторите? – Зошто ДИЖС нема ни објавено оглас за јавна набавка на лабораториски услуги за испитување на вода, воздух, отпад и друго за 2025 година? – Зошто не е искористена Централната лабораторија на МЖСПП кога според јавно достапни информации веќе има 11 акредитирани методи за испитување квалитет на вода?“, прашуваат од „Зелен Хуман Град“.

Јавното обвинителство презема дејствија во предистражана постапка со цел да се испита дали има евентуална кривична одговорност при загадувањето на Крива Река од рудникот „Тораница“ чиј концесионер е фирмата „Булмак 2016“ ДООЕЛ Пробиштип. Директорот вели не бил повикан на разговор и смета дека градоначалникот е тој кој што треба да биде повикан.

Симона Петровска