Јавното обвинителство се огласи по повод наводите дека издало наредба да се апсат работници кои изведувале градежни активности на црковен објект во атарот на селото Галате.
Од Обвинителство велат дека биле известени дека МВР излегла на терен по пријава од Општина Врапчиште за недозволено вршење градежни работи во близина на пат.
„Во однос на објавените невистинити информации кои се споделуваат на социјалните мрежи, а се преземени од повеќе медиуми и се однесуваат за настан во близина на верски објект во гостиварско, Основното јавно обвинителство Гостивар ја известува јавноста дека јавен обвинител нема издадено наредба за приведување или задржување на ниту едно лице, соопштуваат од ЈО Гостивар.
Основното јавно обвинителство Гостивар е известено дека МВР постапува во конкретниот случај по поднесена пријава од Општина Врапчиште за недозволено вршење градежни работи во непосредна близина на магистрален пат.
Работите се прекинати, а по насоки на јавен обвинител денеска полициски екипи ќе извршат увид на местото со цел да се утврди каков е статусот на објектот и работите кои се извршувале, како и дали во целиот настан воопшто има елементи на кривично дело“, велат од ЈО.
(ВИДЕО) Запрена изградба на црква во Галате со интервенција на полицијата











