Во „Топ Тема“, деканот на Градежниот факултет, Јосиф Јосифовски, истакна дека безбедноста на градилиштата не смее да биде препуштена на случајност и дека надлежните институции мора да дејствуваат превентивно.
Според него, дали ќе продолжи изградбата на градилиштето на улицата „Теодосиј Гологанов“ ќе зависи од проценките што ќе ги направи Општина Центар за состојбата и безбедноста на околните објекти.
„Дали на градилиштето на улицата „Теодосиј Гологанов“ ќе се продолжи со градба ќе зависи од Општина Центар, која сега ќе треба да ги направи проценките за објектите“, изјави Јосифовски.
Тој смета дека треба да следува и одговорност за сите вклучени во проектот, бидејќи воопшто не било водено сметка во ниедна фаза од градежниот процес.
„Треба да се одземат сите лиценци на субјектите што биле вклучени во градбата, бидејќи во овие објекти тотално не се водело сметка за ниту една фаза од градежниот процес“, нагласи Јосифовски.
Т.Д.











