Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, во обраќање на тркалезната маса во Ќустендил ги повика своите колеги од Македонија со поголемо разбирање да ги читаат европските вредности.
Според неа, почитувањето на човековите права е клучно за напредокот во преговорите за членство во Европската Унија, особено во првото поглавје, кое се однесува на основни права.
Јотова истакна дека ако постои барем една држава која смета дека не се почитуваат човековите права, особено на малцинствата, процесот на интеграција во ЕУ не може успешно да продолжи.
Оваа нејзина изјава доаѓа паралелно на неодамнешната оценка на Советодавниот комитет на Советот на Европа, во која пак се укажува дека во Бугарија се забележува недостаток на свест за малцинските права.
Многу од малцинствата не можат да ги уживаат индивидуалните права, особено оние кои се идентификуваат како Македонци, кои со години се обидуваат да регистрираат здруженија и да се заштитат според Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства се вели во оценката на Советодавниот комитет.
Во документот се вели дека властите во Бугарија не ги признаваат објективните критериуми за постоење на македонси идентитет, што дополнително ги ограничува правата на овие лица што пак создава впечаток на двојни стандарди, бидејќи Бугарија активно работи на унапредување на правата на бугарските малцинства во странство, но истовремено не се залага за заштита на правата на малцинствата во сопствената земја.
- Ние како држава ги почитуваме и постапуваме доколку постојат такви пресуди од институцијата која е одговорна да носи одлуки за почитување или непочитување на човековите права, одговори Мицкоски на прозивката на Јотова.











