Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЈСП нѝ должи над 10 милиони евра по фактури стари и повеќе од две години – реакција на „Пуцко петрол“ по обвинувањата од Град Скопје

/

пред 391 дена

Сподели преку :

Долгот на ЈСП Скопје кон нашата компанија надминува и над 10 милиони евра по фактури стари и повеќе од две години, се вели во реакцијата од „Пуцко петрол“ до дел од медиумите за обвинувањата од Град Скопје дека е прекинато снабдувањето со нафта за автобусите на ЈСП.

„Во конкретниот случај воопшто не е ниту споменат фактот за огромниот долг на ЈСП кон нашата компанија што надминува и над 10 милиони евра по фактури стари и над две години, што претставува значаен елемент и заслужува внимание при известувањето на оваа тема“, се вели во реакцијата од компанијата за обвинувањата од Град Скопје.

Според компанија, секоја институција што навремено ги подмирува своите обврски, без исклучок, добива гориво согласно договорените услови.

„Нашето работење е транспарентно, законски усогласено и ориентирано кон стабилност и доверба во деловните односи“, велат од компанијата.

„Пуцко петрол“ престанал да испорачува гориво за автобусите на ЈСП Скопје велат од Град Скопје