Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јужна Африка: Повеќе од 50 земји изразија поддршка на тужбата против Израел

/

пред 1015 дена

Сподели преку :

Јужна Африка соопшти дека повеќе од 50 земји изразиле поддршка на нејзината тужба во Меѓународниот суд на правдата во која го обвини Израел за геноцид над Палестинците во војната во Газа.

Соединетите Американски Држави и некои други земји пак остро ги отфрлија тврдењата дека Израел ја крши Конвенцијата на Обединетите нации за спречување и казнување на злосторството геноцид.

Повеќето земји кои го поддржуваат случајот на Јужна Африка се од арапскиот свет и Африка.

Во Европа само Турција јавно ја изрази својата поддршка. САД, најблискиот сојузник на Тел Авив, ги отфрлија обвинувањата како неосновани, Британија ги нарече неоправдани, а Германија порача дека „експлицитно ги отфрла“.

Кина и Русија не се изјаснија за еден од најважните случаи кој се нашол пред меѓународниот суд. Европската Унија исто така не го коментираше случајот.