Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кац: По израелските воздушни напади, иранските нуклеарни објекти се поранливи од кога било

/

пред 692 дена

Сподели преку :

Новиот израелски министер за одбрана Израел Кац изјави вчера дека по израелските воздушни напади врз иранските системи за противвоздушна одбрана, иранските нуклеарни објекти се „поранливи од кога било“.

Иран денес е повеќе од кога било изложен на заканата од уништување на неговите нуклеарни постројки. Постои можност да ја постигнеме најважната цел – да ја спречиме и отстраниме заканата од уништување што виси над државата Израел, рече Кац за време на првата средба со членовите на Генералштабот на израелската армија (ИДФ).

Зборувајќи за Либан, Кац рече дека нема да има примирје и одмор за Хезболах „додека не се постигнат целите на војната“ и посочи дека враќањето на заложниците е најважната цел на „израелската операција во Појасот Газа.