Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Каевски во Топ Тема: Не ме чуди изјавата на Мицкоски, се што сака е да ја задржи фотелјата во партијата

/

пред 1110 дена

Сподели преку :

Пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во вечерашното гостување во Топ Тема вели дека изјавата на Мицкоски за германскиот весник ФАЦ, не е за чудење, затоа што таа е потврда на сето она што го зборуваат од владејачката партија, односно дека во опозициската ВМРО ДПМНЕ има различни мислења и големи несогласувања.

Не ме чуди изјавата на Мицкоски со  оглдед дека го потврдува она што го зборев, а тоа е дека има големи несогласувања во ВМРО ДПМНЕ и тој прави се што може за да ја задржи својата фотелја во партијата. Постојат структури во ВМРО кои кажуваат дека оваа изолација која се протежира од страна на лидерот не е во ред и земјата ќе заостане на ЕУ патот. И за се им е криво СДСМ, вели Каевски.

Лефков пак тврди дека ВМРО ДПМНЕ никогаш не било посплотено, а тоа го покажале на 18-ти август, кога беше закажана седницата за уставни измени.