Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Како да се намали увозот на храна?

/

пред 432 дена

Сподели преку :

Јаболка, пипер ,домати  – домашен или увозен производ? Граѓаните во недоумица што купуваат, иако велат дека имаат желба , не секогаш купуваат македонски производи.

Минатата година, во Македонија биле увезени прехрамбени производи во вредност од 1 милијарда евра, додека во исто време на странските пазари завршиле македонски производи во вредност од 400 милиони евра. Разлика е 600 милиони евра повеќе увоз – каде дел од економистите гледаат потенцијал за развој на македонските брендови.

Според анализата на Инсајдер ИД работена со ЕБОР направена минатата година се посочува дека: „Потенцијал, дури и на домашниот пазар за производителите е дефинирано дека постои. Прво и потрошувачите и производителите сметаат дека домашните брендови не се доволно застапени, но второ и статистичките податоци укажуваат на голема увозна зависност за производи и индустрии во кои се декларира дека имаме конкурентска предност“.

Понатаму, појаснуваат дека иако дел од потрошувачите ќе продолжат да купуваат увезени брендови, но сепак промена на мал дел од нивните очекувања ќе придонесе до значително зголемување на пазарниот удел на домашните компании.

Во однос на земјоделските производи пак резултатите во Македонија се позитивни, односно лани имало 328 милиони евра извоз додека увозот изнесувал 169 милиони евра. Односно извозот на земјоделски произоди е поголем од увозот што лани сме го направиле, но сепак во анализата се наведува дека и натаму има можност за дополнително намалување на увозот.

Симона Петровска